21.8 C
Skopje
понеделник, 15 септември 2025

Поранешниот фудбалер на Барселона откри зошто си замина: „Тешко е, но…“

Офанзивниот играч од средниот ред, Пабло Торе, пристигна во Барселона во 2022 година од Расинг Сантандер за шест милиони евра. Сепак, за три години во Каталонија собра само 27 настапи, а една сезона мина и како позајмен во Жирона.

Каталонците се одлучија летово да ѝ го продадат на Мајорка за пет милиони евра, а фудбалерот откри која е причина што си замина од Барселона.

„Сакав да играм. Тешко е да ја напуштиш Барса, но кога времето минува и не добиваш шанса, почнуваш да размислуваш за тоа. Никој не сака да си замине од Барса – тоа е тешко. Научив многу таму, беше неверојатно искуство. Не жалам што бев таму, дури и ако не играв редовно. Имаше натпревари во кои водевме и тренерот можеше да ми даде минути за да ги израдува сите, но тој не го направи тоа – од некоја причина“, вели Торе.

- Оглас -

Најнови вести