Поранешниот играч на Арсенал уапсен со 60 килограми канабис

Џеј Емануел-Томас, некогашниот фудбалер на Арсенал, е уапсен и обвинет за увоз на дрога откако на аеродромот „Станстед“ бил запленет канабис во вреност од 600.000 евра.

Емануел-Томас е фатен додека се обидувал дрогата да ја прошверцува во два куфери, со кои во Велика Британија пристигнал со летот од Банкок на 2 септември.

Според објавата на националната криминалистичка агенција (НЦА), во двата куфери кои му припаѓале на актуелниот напаѓач на шкотскиот тим Мортон биле пронајдени 60 килограми канабис.

Емануел-Томас веднаш бил притворен, па некогашната голема надеж на тренерот на Арсенал, Арсен Венгер, сега е пред сериозно обвинение за „увоз на дрога од Б класа“. Во дресот на Арсенал одигра само пет меча, а подоцна кариерата ја градеше играјќи во тимови во Чемпионшип.

Покрај 33-годишниот фудбалер, уапсени се и две девојки на возраст од 28 и 32 години.

- Оглас -

Најнови вести