Поранешниот претседател на ФФМ е нов тренер на штипска Брегалница!

Еден од најтрофејните македонски фудбалски стратези и поранешен претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски, е нов шеф на стручниот штаб на штипска Брегалница.

По разделбата со Марјан Секуловски, кој си замина од лични причини, раководството на штипските Сини експресно најде негов наследник.

„Брегалница со овој чин и именувањето на Илчо Ѓорѓиоски за нов шеф на стручниот штаб отворено ја покажува намерата за дополнителен свој фудбалски развој. Нема потреба да се трошат зборови за тоа кој е Илчо Ѓорѓиоски на македонската фудбалска сцена, па единствено може да посакаме да се продолжи со успешните резултати на ФК Брегалница во иднина“ – истакна првиот човек на Брегалница, Кирил Гогов, по потпишувањето на договорот со Ѓорѓиоски.

Илчо Ѓорѓиоски во својата тренерска кариера има три шампионски титули во македонското првенство, една со Македонија ЃП и две со Вардар, а беше и на чело на ФФМ.

- Оглас -

Најнови вести