Поранешниот селектор на кошаркарската репрезентација на Македонија, Александар Џикиќ, денес беше претставен за нов предводник на Хапоел Ерусалим, каде што ќе работи во следните две сезони.
Српскиот стратег е пред мисија од овој тим да направи шампион, а за да успее во тоа, доби огромна поддршка од управата. Сопственикот на Ерусалим, Ејал Чомски, на денешната прес-конференција потврди дека Џикиќ ќе располага со богат трансфер за да состави квалитетен тим.
„Сите сме возбудени што ќе работиме со еден од најдобрите европски тренери. Долго време ни беше желба Џикиќ да ни биде тренер. Ние како клуб тежнееме да бидеме најдобри, а со овој ангажман направивме голем чекор кон нашата цел. Џикиќ од мене има отворен чек, може да доведе кого сака“, истакна Чомски.