Поранешниот цимер на Ристовски ѝ фати сеир на УЕФА: Кога ќе биде третата рунда ждрепка за ЛШ?

Бруно Фернандеш и фати сеир на УЕФА со темата на денот и скандалозната ждрепка за осминафиналето во Лигата на шампионите, што имаше два чина, едниот од 12 часот, кој беше поништен, и вториот регуларен од 15 часот.

УЕФА направи вистински хаос со топчињата во двата сада со носители и неносители, па потоа по жалбата на Атлетико Мадрид, го повтори извлекувањето.

„Кога ќе биде третата рунда извлекување?“, напиша играчот на Манчестер јунајтед на социјалните мрежи, шегувајќи се на сметка на УЕФА.

Во првиот обид Манчестер јунајтед за противник го доби Вилјареал, што е недозволено бидејќи играа во иста група, па им беше одредено да играат против Пари Сен Жермен.

Во повтореното извлекување, Црвените Ѓаволи се паднаа со Атлетико Мадрид во осминафиналето во ЛШ.

Фернандеш долго време му беше соиграч на нашиот репрезентативец Стефан Ристовски, со кого се големи пријатели, а беа и цимери при патувањата на Спортинг Лисабон.

 

- Оглас -

Најнови вести