Поранешен бразилски селектор и тренер на Реал, е позитивен на коронавирус

Некогашниот тренер на Реал Мадрид и екс бразилски селектор, а актуелен тренер на клубот Палмеирас од Сао Пауло, Вандерлеи Луксембурго, објави дека е позитивен на коронавирус. Луксембурго кој има 68 години, нема симптоми и добро се чувствува, но сега е дома, останува во изолација и ќе мора извесен период да мине во карантин.

Клупските лекари ги презедоа сите безбедносни мерки и протоколи, го мониторираат развојот на ситуацијата, и засега нема проблеми. И искусниот стручњак се обрати до јавноста преку социјалните мрежи, кажа дека се чувствува добро и најави оти наскоро ќе се врати на работа.

Луксембурго во декември седна на клупата на Палмеирас, и тоа беше петти пат тој да стане тренер на овој трофеен клуб. Го водеше и од 1993 до 1994, од 1995 до 1996, во 2002, и од 2008 до 2009. Под негово водство, Палмеирас двапати беше првак на Бразил. На клупата на Реал Мадрид седеше во сезоната 2004/2005, а од 1998 до 2000 беше селектор на Бразил.

- Оглас -

Најнови вести