Пораз и дабл-дабл за Јокиќ, Бостон постигна 155 поени! (Видео)

Ноќната понуда на НБА-лигата содржеше 13 натпревари, а само три екипи не успеаја да дојдат до троцифрен број поени. Една од нив беше екипата на Денвер, за која настапува Никола Јокиќ, кој не успеа да дојде до трипл-дабл ефект и мечот го заврши со 25 поени и 10 скока, но и пораз од 110-89 од Минесота тимбервулвс.

Домашните кошаркари победата ја најавија уште во првото полувреме, по кое имаа водство од 63-44, предност која на крајот се покажа како недостижна за екипата на Денвер.

Екипата а Бостон дојде до неверојатен ефект и постигна дури 155 поени во победата над Индијана, која успеа да уфрли само 104 поени. Селтикси успеаја да ги добијат сите четири четвртини, а на паузата имаа предност од 75-54. Интересно, во последната четвртина постигнаа дури 46 поени.

Резултати:

Детроит – Портланд 101-110
Торонто – Милвоки 130-111
Атланта – Вашингтон 130-121
Бостон – Индијана 155-104
Мајами – Бруклин 105-109
Њујорк – Кливленд 89-95
Оклахома – Њу Орлеанс 106-110
Хјустон – Шарлот 128-119
Минесота – Денвер 110-89
Далас – Чикаго 114-105
Јута – Мемфис 133-109
Голден стејт – Сакраменто 102-101
ЛА лејкерс – ЛА клиперс 130-125 (117-117)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести