Пораз, но херојско издание на Рајо Валјекано против Реал Мадрид (Видео)

Рајо Валјекано со Столе Димитриевски на голот, загуби од Реал Мадрид со 1-2, но можеше лесно и да извлече бод. Кралскиот клуб после водството од 2-0, имаше неколку одлични шанси, но, или Димитриевски бранеше, или напаѓачите беа непрецизни. Опуштањето можеше скапо да го чини лидерот на шпанската лига, бидејќи Рајо имаше прилики да изедначи на 2-2.

Радамел Фалкао играше само десет минути, пред да излезе поради повреда, но колумбискиот ветеран за првпат во кариерата даде гол на славниот стадион „Сантијаго Бернабеу“ и ја преполови негативата. Во судиското продолжение, Рајо имаше одлична шанса, но спасител на Реал беше Тони Крос кој ја извади топката од гол-линијата.

Ова е најубавата акција на натпреварот, која Бензема не успеа да ја претвори во супер гол:

- Оглас -

Најнови вести