Поразите од Ривер не се простуваат лесно, Бока после изборите ќе бара нов тренер

Одлуката е донесена, Густаво Алфаро во декември ќе го напушти тренерското место во аргентинскиот клуб Бока јуниорс. Елиминацијата во полуфиналето на Копа Либертадорес, каде Бока беше елиминирана од градскиот ривал Ривер плејт, е причина што управата нема да му го продолжи договорот на стручњакот со кој имаат договор до декември.

Аргентинските медиуми веќе шпекулираат со имиња кои би можеле да го наследат Алфаро. Се спомнуваат Мартин Палермо, Рикардо Гарека, Диего Марадона, Габриел Хајнце и Хорхе Алмирон.

Се чини дека и политиката ќе вмеша прсти во изборот. На 8 декември ќе има претседателски избори во Аргентина, па во зависност од тоа кој кандидат ќе победи.

- Оглас -

Најнови вести