Портланд го разбуди ѕверот во Вестбрук

Оклахома сити тандер стигна до третиот последователен триумф совладувајќи ги Портланд трејлблејзерс со 123:114. Тандерси со овој позитивен резултат се израмни по бројот на победи со Портланд на третата позиција на Западот, сега и двете екипи имаат по 29.

Домаќините беа предводени од дуото Џорџ – Вестбрук, со тоа што плејмејкерот оствари нов трипл-дабл учинок (118-ти во кариера) од 29 поени, 14 асистенции и 10 скока. Џорџ заврши како најефикасен со 36 поени. Од таборот на Портланд, најрасположен беше Демиен Лилард со 34 поени, додека Меколум заврши со 31 поени.

https://www.youtube.com/watch?v=HLHHa9PFYZM

 

Далас излезе од мини-кризата по четирите порази во низа, па со 106:98 го совладаа тимот на ЛА клиперс за 21-ва овосезонска победа. Маверикс добро се намачи против тимот кој има само еден триумф на последните пет меча, па сега осмата позиција на Клиперс, која води во плејоф е загрозена бидејќи градските ривали ЛА лејкерс имаат ист број победи (23), со еден пораз повеќе.

Домаќините до ново славење стигнаа благодарение на расположените Харисон Барнс и Денис Смит јуниор. Секако и Лука Дончиќ придонесе за победата, но тој беше во втор план бидејќи имаше катастрофален учинок за три поени, не погоди ниту еден шут од осум обиди. Дончиќ средбата ја заврши со 17 поени, шест асистенции и седум скока, Смит јуниор заврши со ист број поени, додека Барнс постигна 20.

https://www.youtube.com/watch?v=COQXyeaHIq0

Резултати НБА:

Оклахома сити тандер – Портланд трејлблејзерс 123:114

Далас маверикс – ЛА клиперс 106:98

Торонто репторс – Сакраменто кингс 120:105

Феникс санс – Минесота тимбервулвс 91:118

- Оглас -

Најнови вести