20.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Порто ќе го вгости Челзи на стадионот каде што Жиру даде четири гола за 75 минути

Порто како домаќин во првиот четвртфинален дуел против Челзи во Лигата на шампионите ќе мора на неутрален терен да се надигрува против досега непоразените избраници на Томас Тухел. Во меѓувреме, од УЕФА стигна потврда за преместување на целиот двомеч во Андалузија, во домот на Севијла, „Рамон Санчес Писхуан“.

Змејовите со сигурност посакуваа на „Драгао“ да го вгостат лондонскиот состав, меѓутоа на 7 април двете екипи ќе се сретнат во Шпанија, а потоа на 13 април на истиот стадион Порто и Челзи ќе одлучуваат за пласман во полуфиналето.

Инаку, „Рамон Санчес Писхуан“ е еден од омилените стадиони на Оливие Жиру, кој ги даде сите четири гола во победата на Челзи против Севилја од 4-0 во групната фаза претходно сезонава, па Французинот ќе биде дополнително мотивиран по оваа промена.

https://twitter.com/UEFA/status/1376866863683100674

Челзи поради исти причини играше на неутрален терен и во осминафиналето против Атлетико Мадрид, додека реваншот се одржа на „Стемфорд бриџ“.

- Оглас -

Најнови вести