Порто значително ослабен пред дуелите со Рома во ЛШ

Голгетерот на Порто, Муса Марега, изминатиов викенд се здоби со тешка мускулна повреда и ќе мора да паузира во следниве два месеца. „Змејовите“ ќе бидат значително ослабени во дуелите против Рома за борба во четврт-финалето во Лигата на шампионите. Марега исто така ќе го пропушти полуфиналето во португалскиот куп против Брага, како и првенственото дерби против Бенфика.

Марега е најдобриот стрелец на Порто сезонава, кој постигна 16 погодоци на 31 меч во сите натпреварувања, oд кои пет гола ги постигна во групната фаза во ЛШ.

Првата пресметка ќе се одигра на „Олимпико“, на 12-ти февруари (21 часот), додека реваншот на „Драгао“ е планиран за шести март.

- Оглас -

Најнови вести