Португалија е прв освојувач на Лигата на нациите (Видео)

Репрезентацијата на Португалија е прв освојувач на фудбалската Лига на нации. Во финалето кое се играше на стадионот „Драгао“ во Порто, домаќинот минимално со 1:0 ја победи Холандија. Гедеш беше стрелец на единствениот гол во 60-тата минута за радост на Португалија.

За Португалија ова е втор голем трофеј само во три години. Во 2016 година Португалија стана европски првак, а сега го освои и трофејот во новото натпреварување на УЕФА.

https://youtu.be/_7Ign7U9uNk

Vide

- Оглас -

Најнови вести