Португалија и Бразил се четвртфиналисти, Шпанија и Шведска елиминирани, Египет ја победи и Словенија

Претпоследното коло од групите „3“ и „4“ од втората фаза на Светското ракометно првенство донесе големи возбудувања, но и изненадувања. Португалија и Бразил веќе се во четвртфиналето, откако направија сензација и ги победија Шпанија, односно Шведска, кои веќе се елиминирани.

Португалците одиграа уште еден фантастичен меч и сосема заслужено ја победија Шпанија со убедливи 35-29, додека Бразил со 27-24 славеше над Шведска. Во групата „4“ ситуацијата е најкомплицирана, со оглед на тоа дека Египет ја доби драмата против Словенија и победи со 26-25, иако имаше предност од четири разлика на три минути до крајот, 26-22, но словенците успеаја да се вратат, дури и да имаат напад за реми, но Влах направи пробивање на неколку секунди пред крајот, па победата му припадна на Египет.

Во оваа група Исланд и Египет имаат по шест бода, додека Хрватска и Словенија по четири, но словенците веќе се елиминирани, а хрватите со евентуална победа ќе го направат супер интересно последното коло во групата „4“. Во случај да се наредат коцките и Македонија да се пласира во четвртфиналето, вкрстуваме токму со оваа група.

- Оглас -

Најнови вести