Португалија ја покажа целата своја сила откако успеа да ја победи Данска и тоа во Хернинг со 31:29, во меч од третото коло во групната фаза на Европското првенство. Со оваа победа Португалија го обезбеди првото место во групата со 5 бодови, пред Данска со 4, Македонија има три, а последна е Романија без ниту еден бод.
Браќата Мартим и Франческо Кошта со по девет голови ја предводеа Португалија до победа.
Португалија поведе од стартот, имаше 3:1, а потоа и 5:3. Данска со серија од 4:1 прв пат поведе со 7:6, потоа Португалците повторно ја преземаа иницијативата. Водеа со 12:9, а на полувреме гостите заминаа со предност од еден гол (12:11).

Во вториот дел, Данска прв пат поведе со два разлика кога беше 17:15, а потоа домаќините водеа и со 19:17. Португалија потоа даде три гола по ред за 20:19, а во 53 минута водеа и со 26:23.
Данска не се предаваше, намали на 27:28, но на 100 секунди Португалија погоди за 29:27, а во последната минута Португалија водеше со 30:28 и јасно беше кој ќе победи.

