Роналдо откри кој рекорд сака да го достигне

Кристијано Роналдо даде два гола за Португалија против Унгарија за убедливиот триумф од 3:0. Португалците сите три гола ги дадоа во последните седум-осум минути од средбата. Со двата погодоци, Роналдо стигна до 11 погодоци на европските првенства и сега е најдобар стрелец во историјата, надминувајќи го рекордот на Мишел Платини (девет гола).

Роналдо вели дека е среќен за ова постигнување, но за него најважно би било Португалија вторпат во низа да стигне до златото на континенталниот собир. Досега само на Шпанија ѝ успеало да го одбрани тронот на ЕП. Црвената фурија беше шампион во 2008 и 2012 година.

„Важно беше да стартуваме со победа. Ова беше тежок меч против ривал кој добро се бранеше, но на крајот успеавме да постигнеме три гола. Благодарен сум на соиграчите кои ми помигнаа да дадам два гола и да поставам рекорд на ЕП, но за мене многу повреден рекорд би бил ако повторно станеме европски прваци. Добро е што вака стартувавме на турнирот и сега е важно да продолжиме во ист ритам и да победуваме“, вели Роналдо.

Во второто коло

 

- Оглас -

Најнови вести