Португалија силна и без Роналдо, Гриезман и Мбапе ја урнаа Хрватска (Видео)

Вечерашните натпревари во Лигата на нациите, во елитната Лига А донесоа интересни резултати и најава за големи возбудувања во последните две кола.

Португалија без Кристијано Роналдо, кој е позитивен на корона-вирусот, убедливо ја победи Шведска со 3-0, со два гола на Диого Жота и еден на Бернардо Силва. Португалците во групата 3 за првото место се борат со Франција, која славеше во Загреб со 2-1.

Головите на Французите беа дело на Антоан Гриезман на почетокот и Килијан Мбапе во финишот. Помеѓу тие голови, изедначи Влашиќ, но Хрватска повторно, како и во финалето на СП 2018 година, загуби од Триколорите.

Полјаците со два гола, 63-ти и 64-ти на Роберт Левандовски во дресот на националниот тим, ја надиграа БиХ со 3-0 и го искористија ремито на Италија и Холандија за да избијат на првото место во нивата група.

Прв пораз претрпе Англија, која дома загуби од Данска со 0-1, а трагичар беше Хари Мегваер кој при 0-0, направи црвен картон уште во првото полувреме. Овој пораз добро им дојде на Белгијците, кои победија на Исланд за преземање на првата позиција.

Ова е победничкиот гол на Мбапе за 2-1 против Хрватска:

https://twitter.com/i/status/1316476325423730690

- Оглас -

Најнови вести