Португалците без Роналдо дадоа 9 гола, Словачка даде експресен гол по 8 секунди игра (Видео)

Репрезентацијата на Португалија драстично си ја поправи гол-разликата во квалификациите за ЕП 2024 откако вечерва дома го уништи Луксембург со 9-0, и тоа без Кристијано Роналдо во составот.

Португалија по шест кола, има максимални 18 бода и феноменална гол-разлика од 24-0, што докажува колку се доминантни. За Луксембург на брутален начин заврши серијата од три победи.

Во друг меч од оваа група, Исланд со гол во 92-рата минута ја победи БиХ со 1-0 и сега битката за место на ЕП ќе водат Португалија, Словачка и Луксембург.

Словаците тргнаа фуриозно, водеа со 3-0 само по шест минути на дуелот со Лихтенштајн, но застанаа тука. Првиот гол беше постигнат од првата акција на мечот само по 8 секунди игра по почетниот удар.

- Оглас -

Најнови вести