-0.2 C
Skopje
петок, 23 јануари 2026

Португалците го кренаа гласот против ЕХФ: „Веројатно не ги разбираме правилата“

Португалија загуби со 32-30 од Германија на првиот меч од втората фаза на Европското ракометно првенство, но по мечот следуваа големи реакции за арбитражата на шведските судиите, Куртагиќ и Ветервик.

„Проблемот е во тоа што пред судиската свирка, ниту еден германски играч не смее да биде на нашата половина, а таму беа двајца. Шурлоф беше кај линијата од девет метри. Можеби јас не ги разбирам правилата.“ – рече португалскиот репрезентативец, Руи Силва.

Реакција имаше и од португалскиот селектор, Пауло Переира, кој вели дека секој гол на крајот може да биде решавачки.

„Во моментот на свирката најмалку еден играч беше на нашата половина. Тоа е грешка. Судијата мораше да ја сопре играта и акцијата да почне од почеток. Вака постигнаа нерегуларен гол. Никогаш не може да знаеме дали тој гол на крајот ќе биде решавачки. Ако Данска ја победи Германија, бодовно ќе бидеме израмнети.“ – рече Переира.

- Оглас -

Најнови вести