После дури 85 години, во италијанската репрезентација повикан играч од Специја

Фудбалерот на Специја, Матео Ричи, е првиот играч на овој клуб после пауза од 85 години кој добил повик во националниот тим. Селекторот на Аѕурите, Роберто Манчини, на поширокиот список кандидати за квалификациите за СП 2022 стави дури 38 играчи.

Ричи кој е роден во Рим, веќе три сезони со успех игра во средниот ред на Специја, па доби повик од селекторот, со што стана само втор член на Специја кој бил репрезентативец. Единствен играч на Специја кој играл за Италија е Луиџо Скарабело во далечната 1936 година на натпревар против САД.

Освен Ричи, прв повик во националниот тим на Италија доби и Рафаел Толои од Аталанта кој е Бразилец, но доби дозвола од ФИФА да игра за Италија.

- Оглас -

Најнови вести