Повредите на Френки де Јонг и на Теун Копмајнерс му ги расипаа плановите на холандскиот селектор Роналд Куман, а и на Јан Матсен, па фудбалерот на Челзи, кој е позајмен во Борусија Дортмунд, доби итен повик да им се приклучи на Лалињата за да игра на Европското првенство.
Матсен по финалето на Лигата на шампионите, со својата девојка Емели замина на летување на грчкиот остров Миконос.
Но, 22-годишникот мораше да го прекине одморот и наместо сонце, јахти, да замине во влажниот и облачен Волфсбург, каде што е холандската селекција.