Белгиски Андерлехт за првпат во последните 55 години нема да учествува во некој од европските купови.
Во последното коло од белгискиот шампионат, Андерлехт загуби од Гент со 1-2 и остана на шестото место на конечната табела, и тоа значи дека клубот во следната сезона нема да настапува во европските купови.
Последен пат, една сезона во еврокуповите без Андерлехт беше далечната 1963/64. Сезонава шампион на Белгија стана Генк, кој оди во групите од ЛШ, а втор е Бриж, кој ќе игра квалификации за ЛШ. Во групите од Лигата на Европа влегува Стандард Лиеж, додека Антверпен и Гент ќе играат квалификации за ЛЕ.