На натпревар од четвртата дивизија на регионалната каталонска лига одигран во близината на Жирона, камерите снимија еден момент кој ја згрози шпанската и светската фудбалска јавност.
Фудбалерот на Бескано, Марк Маркес, направи нешто што не би смеело да го направи еден спортист. Тој во дуел без топка додека играта беше во прекин, од чиста мира со ѓонот на копачката со сета сила удри противнички играч во коленото.
Погледнете го овој криминален фаул за во затвор:
https://twitter.com/i/status/1730000203896312084