Последен ден од преодниот рок во НБА, многу ѕвезди ги променија клубовите, Голден стејт создава нов ѕвезден тим

Денеска е последниот дел за размени во НБА-лигата, а се случија големи промени. Без дилеми, прва ѕвезда во последните 24 часа е Џими Батлер, кој е нов играч на Голден Стејт вориорс и ќе биде соиграч со Стеф Кари.

Во оваа размена учествуваа дури четири екипи. Голден стејт ги испрати Ендрју Вигинс и Кајл Андерсон во Мајами, потоа Денис Шродер во Јута и Линди Вотерс во Детроит. Јута го испрати Пи Џеј Такер во Мајами, а Мајами во Детроит го однесе Џош Ричардсон.

Ѕвездата на Њу Орлеанс, Брендон Инграм, заврши во Торонто, а на спротивната страна заминаа Брус Браун и Кели Олиника. Лос Анџелес лејкерс го донесоа центарот Марк Вилијамс, а во Шарлот ги испратија Далтон Кнеч и Кам Редиш.

Последниот рок за размена на играчите во НБА завршува вечерва, во 21 часот, а без разлика што и да се случи, секако најголема ѕвезда во овој „преоден рок“ во НБА е заминувањето на Лука Дончиќ од Далас во ЛА лејкерс.

Додека траат овие размени на играчи, во НБА ноќеска се одиграа 11 интересни мечеви:

Атланта – Сан Антонио 125:126, Шарлот – Милвоки 102:112, Детроит – Кливленд 115:118, Бруклин – Вашингтон 102:119, Филаделфија – Мајами 101:108, Торонто – Мемфис 107:138, Минесота – Чикаго 127:108, Денвер – Њу Орлеанс 144:119, Јута – Голден Стејт 131:128, Оклахома – Феникс 140:109, Сакраменто – Орландо 111:130.

- Оглас -

Најнови вести