Последен обид: Реал нуди 120 милиони евра плус Модриќ за Нејмар

Реал Мадрид ги прави последните напори да го доведе Нејмар во своите редови ова лето, а последната понуда која ја испратија во Париз е доста примамлива. Кралевите наводно се подготвени да издвојат 120 милиони евра, но и да го пуштат Лука Модриќ во пакет само да ја го направат Бразилецот нов „галактико“.

Светците досега одбиваа понуди за Нејмар во кои беа вклучени и играчи. На пример, Барса нудеше пари и тројца свои фудбалери за да го врати Нејмар на „Камп ноу“, но од таборот на францускиот првак беа одлучни во намерата целосно да ги вратат потрошените средства за бразилската ѕвезда.

Иако Нејмар има желба да се врати кај Каталонците, се чини дека и оваа понуда од Реал би ја прифатил само да се отсели од француската метропола. Како што известуваат шпанските медиуми, оваа трансфер бомба може да се официјализира до крајот на неделава.

https://twitter.com/albert_roge/status/1159137591758921728?s=19

- Оглас -

Најнови вести