Последна шанса за „ајфон 11“, голема е борбата за освојување Смарт ТВ!

Перо К. и Вања А. се во голема битка за шампионскиот примат во третата етапа на Спортска прогноза. По досега одиграните 35 кола, Перо е лидер со 239 поени, додека Вања досега има освоено еден бод помалку. Токму тие двајца се најголеми фаворити за освојување на главната премија, Смарт ТВ 48 инчи, кој ќе го освои шампионот во третата етапа на оваа бесплатна игра на Sport Life. Тони К. и Зоран Н. се на третото и четвртото место со по 235 поени и секако имаат шанси да бидат најдобри.

Во последното коло има неколку дерби-дуели кои многу можат да решат. Јувентус е домаќин на Интер во дербито на Италија, меч на кој домаќините мора да победат, додека Интер релаксирано како шампион ќе игра во Торино. Се игра и градското дерби на Рим меѓу Рома и Лацио, а на „менито“ е и финалето од ФА купот меѓу Челзи и Лестер. Реал Мадрид гостува кај Атлетик Билбао во обид да ја одбрани титулата во Шпанија.

Како и во секое коло, така и во ова последново, сите прогнозерите имаат шанса за Среќна 13-ка, која може да ги одведе до освојување на мобилен телефон Ајфон 11. За 12 и 11 погодоци следуваат вредносни ваучери од Sport Life во вредност од по 1.000 и 500 денари.

Не чекајте и одиграјте го последното коло од третата сезона на Спортска прогноза.

 

- Оглас -

Најнови вести