Последната сметка за струја ги шокира Милионерите

Зголемената цена на електричната енергија ги здрма и најголемите клубови во светот. Германскиот гигант Борусија Дортмунд најави дека ќе мора да почне да штеди на струја откако пристигнала последната сметка.

Милионерите од Дортмунд треба да платат 10 милиони евра за потрошена електрична енергија, сума која е два и пол пати повеќе од тоа што претходно плаќале. Борусија претходно плаќала четири милиони евра за струја, а сега сумата е 10 милиони евра.

Челниците на клубот одлучија да се изгаснат рефлекторите кои го осветлуваат стадионот, да се изгаси и светлечката реклама за логото на стадионот, а ќе нема ниту греење во ВИП ложите за време на мечевите, а сите навивачи ќе треба да се облекуваат со потопла облека.

„Наша цел е да ги намалиме трошоците барем за 20 отсто. Мора да штедиме на електрична енергија. Досега плаќавме 4 милиони евра, а последната сметка стигна 10 милиони евра“, откри директорот на Борусија, Карстен Крамер.

- Оглас -

Најнови вести