Колото број 11 на Спортска прогноза е достапно за типување и денес до 18 часот. Сите редовни, но и нередовни учесници кои не ја искористија работната недела да ги приложат своите прогнози, имаат шанса да го сторат тоа до споменатиот термин, односно до почетокот на првиот дуел од понудата меѓу Русија и Белгија.
Бидејќи е репрезентативна пауза, во ова коло се најде и репрезентацијата на Македонија, која вечерва гостува во Виена и ќе се надигрува со фаворизираната Австрија. Повеќе од 82% од прогнозерите не веруваат во чудо на нашите Рисови, но кога се учествува во игра на среќа во која главната награда е примамливиот iPhone XS, нормално е да проработи разумот и логиката.
Стандардно, главната премија во колото е IPhone XS, кој се доделува за „Среќна 13-ка“, односно погодени сите 13 парови. Подароци има и за тие со 12 и 11 погодени, а се во облик на вредносни ваучери од 500 и 1.000 денари во Sport Life. Секако, треба да се внимава и на резервните двојки кои носат поени во битката за Генерален пласман и главната премија ТВ Смарт од 48 инчи.
Сите учесници имаат шанса, а не е доцна да се вклучите и вие со ваши прогнози бидејќи за секое коло има посебни награди кои се многу примамливи. Веќе знаете дека играта е бесплатна, а единствен услов е да имате СЛ картичка од Sport Life.
Затоа не се двоумете и испробајте ја среќата на репрезентативните дуели кои се доминантни во ова коло на Спортска прогноза.