Последно коло е од бесплатната Спортска прогноза, а има дерби-мечеви од Топ 5 лигите (Фото)

Започнато е типувањето за триесет и второто, воедно и последно коло од седмата сезона на најпопуларната бесплатна игра во Македонија – Спортската прогноза на Sport Life. Иако е финално, ова коло нуди вистинска доза на возбуда и шанса за вредни подароци.

Во понудата се вклучени 13 фудбалски натпревари, внимателно избрани од најсилните европски лиги: четири натпревари од Ла Лига, по три меча од Премиер лигата, Серија А и Бундеслигата.

Саботната програма вклучува три натпревари од германската Бундеслига, додека главниот дел од понудата – десет меча ќе се одиграат во недела.

Меѓу најатрактивните средби ова коло се издвојуваат дерби-дуелите: Рома – Милан и Арсенал – Њукасл.

Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари, ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За 12 погодени меча следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести