Постигна гол со „клизачи“ од пола терен (Видео)

Болтон со 4:2 го победи Флитвуд во меч од третата англиска лига, а еден гол беше посебно спектакуларен. Топката беше на средината на теренот, кога Дион Чарлс направи „клизачи“ во обид прв да стигне до топката.

Не само што Чарлс успеа прв да стигне до топката, туку тој упати и неверојатен удар кон противничкиот гол. Голманот на Флитвуд кој беше илезен на 15-тина метри од голот, збунето гледаше како топката лета кон неговиот гол и на крајот заврши во мрежата.

Секако ова е еден од најчудните погодоци постигнати оваа сезона.

- Оглас -

Најнови вести