Постигна гол со ножички за победа, но наместо да се радува, тој се извинуваше (Видео)

Ница минимално со 1:0 победи на гостувањето кај Ајачио, а голот кој го постигна  Енди Делорт беше еден од најатрактивните за изминатиот викенд. Се играше 65 минута кога Тирам нафрли, а Делорт со ножички постигна атрактивен гол, кој на крајот се покажа и како клучен за триумф на гостите.

По постигнувањето на голот, Делорт не сакаше да се радува, туку со кренати раце се извинуваше на домашните фанови. Зошто Делорт наместо да се радува, се извинуваше?

Искусниот 30-годишен напаѓач кариерата ја започна токму во екипата на Ајачио во 2010 година, каде помина три години. Иако во 2013 година си замина од клубот и потоа играше уште во седум различни клубови, пред да потпише за Ница во 2021 година, Делорт не го заборави својот прв клуб.

По мечот, Делорт дури излезе од стадионот и имаше време да се напие едно пиво и да се дружи со навивачите на Ајачио, покажувајќи почит кон својот прв клуб.

- Оглас -

Најнови вести