Постигнат е гол од најголема далечина во историјата?! (Видео)

Во првенството на Чиле е постигнат погодок кој може да влезе во Гинисовата книга на рекорди. На натпреварот помеѓу Кобресал и Коло Коло, голманот на домашните, Леандро Реквена, постигна погодок од својот петтерец. Тој силно ја изби топката од пред својот гол и го искористи лошото излегување на противничкиот голман, па топката заврши во противничката мрежа.

Според неофицијални информации, голот е постигнат од далечина од 101 метар. Досегашниот рекорд е во сопственост на Том Кинг, кој во 2021 година во ниските англиски лиги постигна погодок од далечина од 98 метри.

Од Гинисовата книга на рекорди е највено дека ќе пристигнат на стадионот на Кобресал и ќе ја измерат далечината, по што овој гол и официјално ќе биде постигнат од најголема далечина во историјата на фудбалот.

- Оглас -

Најнови вести