Потег со кој повторно ќе ги освои навивачите: Роналдо двапати го одмина Карагер, да се поздрави со Невил и Кин (видео)

Кристијано Роналдо од клупата за резерви ќе чека прилика да настапи во големото дерби против Ливерпул кое се игра во овие моменти на „Олд Трафорд“, а Португалецот пред почетокот направи нешто што не можеше да остане незабележано на социјалните мрежи.

Пред почетокот на мечот, Роналдо при загревањето одлучи да го поздрави тимот на водители и аналитичари на „Скај спортс“, составен од Рој Кин, Гери Невил, Џејми Карагер и Џејми Реднап, кои стоеја покрај теренот. Суперѕвездата на Манчестер сепак не се поздрави со сите, туку само со Невил и Кин, а на двапати го одмина Карагер, кој е легенда на Ливерпул, притоа не му даде изјава иако Џејми го приближуваше микрофонот кон Роналдо.

Ronaldo interups Sky Sports pundits to talk to Roy Keane from soccer

- Оглас -

Најнови вести