Потег за мерак – Не погоди пенал што не постоеше (Видео)

Абдулае Дијакате постапи џентлментски и во духот на ферплејот со обичен, но многу вреден гест на подготовките во Анталија.

Сенегалецот утна пенал, односно воопшто и не штуна кон голот, туку упати удар далеку од рамките на голот на новосадскиот Пролетер бидејќи беше јасно дека пеналот не постоеше.

Ордабаши и Пролетер ремизираа 1:1, а потегот на Дијакате е одличен, иако се работеше за пријателски меч, далеку од фокусот на јавноста.

- Оглас -

Најнови вести