Можеби за некого е изненадување, а за некого не, но Реал Мадрид се одлучи да му врачи отказ на Чаби Алонсо по поразот во финалето од шпанскиот Супер куп против Барселона.
Сепак, за добрите познавачи на состојбите, ваквиот расплет воопшто не е изненадувачки, а тоа се виде и веднаш по мечот против Каталонците. На видеото јасно се гледа како Чаби Алонсо ги повикува своите фудбалери да ги отпоздрават победниците, на што реагира Килијан Мбапе, кој одмавнува со раката и ги повикува соиграчите да се повлечат во соблекувалната без да ги поздрават фудбалерите на Барселона.
Светските медиуми веднаш си го поставија прашањето: Кој ја контролира соблекувалната на Кралевите, тренерот или ѕвездата?

