Потер: Момците беа фантастични, заслуживме да одиме понатаму

Менаџерот на Челси, Греем Потер, е пресреќен по победата на неговиот тим од 2:0 во реванш осминафиналниот дуел во Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд, со кој обезбедија пласман меѓу осумте најдобри.

Првиот натпревар што се играше во Германија заврши со триумф на Борусија од 1:0, но вчера Челси во реваншот славеше со 2:0, со што обезбеди пласман во четвртфиналето.

„ Беше тензично во финишот, но момците одиграа фантастично. Среќен сум поради нив и поради победата. важно ни беше уште од првите минути да го ставиме противникот под притисок, не беше лесно бидејќи игравме против квалитетен тим. Сепак, моите момци успеаја, а ако се погледнат двата натпревари, мислам дека заслуживме да одиме понатаму“, изјави Потер.

- Оглас -

Најнови вести