14.8 C
Skopje
петок, 24 октомври 2025

Потоп и прекин во Риека, но мечот ќе продолжи

Натпреварот од Конференциската лига помеѓу Риека и Спарта Прага беше прекинат во 14-та минута, поради силното невреме и поплавениот терен, но после долга пауза и натегање, одлучено е сепак средбата да продолжи вечерва во 21 часот.

Чесите не сакаа да се игра вечерва, се појави опција да продолжат утре од 15 часот, но сепак е решено дека треба да се игра вечерва, ако условите дозволат.

Дождот престана, теренот се поправаше, а судијата Роберт Џонс проверуваше неколку пати каква е состојбата на тревникот и процени дека има минимум услови за регуларно одвивање, па екипите пак ќе истрчаат на терен во 21 часот.

- Оглас -

Најнови вести