Потпишан најголемиот договор во историјата на НБА лигата

Џејлен Браун од Бостон селтикс влезе во НБА историјата, како кошаркар кој го потпиша најголемиот договор.  Браун го продолжи договорот со Бостон за пет сезони во кои ќе заработи неверојатни 304 милиони долари. Овој договор ќе стапи во сила од сезоната 2024/25. Досегашниот најголем договор во историјата на НБА беше во сопственост на Никола Јокиќ кој лани го продолжи договорот со Денвер нагетс и за пет години ќе добие 276 милиони долари.

Ваков договор во НБА, каков што доби Браун, не може да добие секој играч и треба да се исполнат неколку услови. Прво, кошаркарот треба да биде дел од првиот клуб за кој дебитирал во НБА и треба да одиграно најмалку седум сезони во тој дрес. Браун во НБА настапувал само за Бостон, а изминатата сезона беше седма за него во дресот на Селтикси.

За ваков супермакс продолжување на договорот треба да се исполни и еден од следните три услови: Играчот мора да биде сместен во некоја од Ол-НБА тимови во сезоната која што измина; мора да биде прогласен за најдобар одбранбен играч на годината во сезоната пред продолжување на договорот; мора да биде прогласен за МВП барем еднаш во претходните три сезони. Браун го исполнува првиот од овие три услови.

Според овој договор, околу 35 отсто од селери капот во клубот ќе биде само на платата на Браун, кој минатата сезона имаше просек од 26,6 поени, 6,9 скокови и 3,5 асистенции по меч.

Интересно е дека Браун не е ниту најдобар играч во тимот на Бостон. Џејсон Татум е прва ѕвезда во екипата, а интересно е дека Татум во следното лето ќе има можност на вакво продолжување на договорот со Бостон, па ако тоа се случи, оваа НБА екипа ќе мора да одвои дури 70 отсто од платите во клубот, само за овие двајца играчи.

 

 

- Оглас -

Најнови вести