30.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Потпретседателот на Барселона позитивен на Коронавирус

Шпанија е најпогодена земја во Европа по Италија од пандемијата со Коронавирусот, таму бројот на заразени и мртви расте секојдневно. Во спортскиот свет претходно прволигашот Валенсија се соочуваше со големи проблеми откако десетина нивни членови беа заразени со вирусот Ковид-19, но истите се излечени.

Опасниот вирус не го избегнаа во Барселона, откако шпанските медиуми информираат дека се заразил потпретседателот Жорди Кардонер, десната рака на првиот човек, Хосеп Бартомеу. Утрово тестирањата покажале дека Кардонер е позитивен, па сега се наоѓа во болница каде ќе му биде пружена медицинска помош да се избори со вирусот.

- Оглас -

Најнови вести