Потресни снимки: Фудбалер почина на загревање, сите на теренот плачеа (Видео)

Репрезентативецот на Оман, Мукалед Ал-Ракади почина на 29-годишна возраст од срцев удар и тоа додека се загреваше пред почеткот на мечот на неговиот тим Мускат и Ал Суваика, во домашното првенство.

Ал-Ракади веднаш бил префрлен во болница, но починал неколку часа подоцна. Сите фудбалери и членови на стручниот штаб со неверување и тага, немо и беспомошно беа сведоци на трагедијата.

„Со нашето срце кое е полно со вера, ја прифаќаме Божјата волја. Раководството на Мускат и сите кои се дел од клубот упатуваат искрено сочувство до семејството на Ал-Ракади“, стои во соопштението на клубот.

Во последните неколку месеци стануваат се почести проблемите на фудбалерите со срцеви напади и слични проблеми. Кристијан Ериксен се спаси од срцев удар за време на меч од Европското првенство, Серхио Агуеро мораше да ја прекине кариерата откако не можеше да доигра еден меч за Барселона, а проблеми имаа и голем број на помалку познати фудбалери, со што се вклучи алармот околу овој сериозен проблем во фудбалот.

- Оглас -

Најнови вести