Потврда од „Џузепе Меаца“: Спалети го напушти Интер

Интер и Лучијано Спалети официјално се разделија, објави италијанскиот клуб на социјалните мрежи, а потоа и со официјално соопштение. Стратегот очигледно прави место за неговиот колега и сонародник Антонио Конте, за кого веќе извесно време се зборува дека ќе биде нов предводник на Нераѕурите, а од претходно е најавено дека е постигнат договор меѓу двете страни.

Спалети се задржа на клупата на Интер две сезони, а како најголем успех го памети пласманот во Лигата на шампионите остварен мината сезона, што беше прв на клубот по седум години пауза, а тоа го оствари и оваа сезона. Сепак, раководството има нови амбиции, посакува трофеи, како и да се прекине доминацијата на Јувентус во Италија, па токму затоа се решија за овој потег, а со Конте ќе се обидат да изградат шампионски тим.

- Оглас -

Најнови вести