Потврдено е: Серија А ќе започне една недела подоцна од планираното

Сезоната 2019/20 заврши синоќа, а веќе вечерва на состанок е договорен стартот на новата сезона. Челниците на Серија А официјално потврдија дека новата сезона ќе започне на 19 септември.

Овој датум е всушност една недела подоцна од првичниот предлог за шампионатот да започне на 12 септември. По консултација, беше прифатено првенството да започне на 19 септември, а во рамките на сезоната ќе се вметне коло на 3 јануари.

„Челниците на Серија А се состанаа и едногласно одлучија дека сезоната 2020/21 ќе почне со викенд мечеви на 19 септември“, стои во официјалното соопштение.

Според договорот, првенството треба да заврши на 23 мај 2021 година. Преодниот рок ќе започне на 1 септември, а ќе заврши на 5 октомври.

- Оглас -

Најнови вести