Потврдено: Ван Дајк во аут до крајот на сезоната

Вирџил Ван Дајк ќе мора да оди на операција откако вчера ги скина вкрстените лигаменти на десното колено по судир со голманот на Евертон, Џоран Пикфорд.

Тоа значи дека холандскиот стопер на Ливерпул ќе биде во аут до крајот на сезоната, бидејќи за ваков тип на повреда се паузира до осум месеци.

Клучниот играч на Црвените мораше да излезе по само 11 минути од градското дерби на Мерсисајд, а деталните прегледи го потврдија најцрното сценарио за Јирген Клоп. Во меѓувреме, олеснување е што Тијаго Алкантара не е сериозно повреден и не би требало да паузира повеќе од неколку дена.

 

- Оглас -

Најнови вести