Јусуф Поулсен го спаси Лајпциг од пораз со израмнувачки гол во 77. минута против Фрајбург, а очигледно беше расположен и за добра шега.
По мечот имаше интервју и на интересен начин во соработката со новинарите покажа како се држи социјална дистанца во фудбалски услови, кога се уште не е победена епидемијата со Коронавирус.
Во Германија по 66 дена пауза денеска се играше фудбал, се рестартуваа мечевите во Бундеслигата, а иако неговиот тим Лајпциг имаше голем кикс со реми против Фрајбург, очигледно стрелецот не беше премногу тажен.
Yussuf Poulsen (Leipzig) long distance post match interview from soccer
Популарните Бикови ја загубија третата позиција на табелата, ги претрка Борусија Менхенгладбах и титулата во Германија е се подалеку од Лајпциг.