Поведоа против Борусија, па го примија најсмешниот гол на Светското клупско (Видео)

Борусија Дортмунд има водство од 3-1 против јужноафриканскиот тим Мамелоди по првото полувреме, а Африканците први дадоа и пет минути беа во сензационално водство.

Голот на Нмеча за 1-1 беше по асистенција на голманот на Мамелоди, кој имаше ужасна реакција и им подари погодок на противниците. После тоа Дортмунд даде уште два гола, погодија и Гираси и Џоб Белингам, па фаворитот може да смета дека ќе ја извојува првата победа на СКП, откако во првото коло одигра нерешено со Флуминенсе.

- Оглас -

Најнови вести