Повеќе од јасно е што се очекува: 92 отсто дека Македонија ќе ја победи Летонија

Македонската фудбалска репрезентација вечерва гостува во Рига, на дуел против Летонија во рамките од шестото коло во квалификациите за пласман на Европското првенство 2020 година. Летонија е на последното место во групата со пет порази во пет меча и дури 19 примени голови (во просек примаат речиси четири гола по меч ).

Македонија има само една победа и тоа токму над денешниот ривал, во Скопје со 3:1. Речиси нема дилеми дека вечерва нашите фудбалери ќе се радуваат на нов успех против Летонија.

На играта на Спортска прогноза, од 601 прогнозер, дури 92 отсто веруваат дека Македонија ќе се радува на крајот и очекуваат „двојка“. Дека ќе биде нерешено прогнозирале 6,3 отсто, додека само 1,7 отсто прогнозираат шокантен пораз на Македонија и прва радост за Летонија.

 

- Оглас -

Најнови вести