Повторно се одложи борбата меѓу Фјури и Вајлдер

Фјури и Вајлдер приредија два спектакли во 2018 и во февруари годинава. Првиот заврши нерешено, додека во втората борба Британецот го нокаутираше бранителот на титулата во тешка категорија во седмата рунда.

Двајцата „тешкаши“ требаше да ги одмерат силите за трет и последен пат во битката која првично се закажа за јули годинава, но мечот се премести за октомври по препораката дека заработката од ТВ-правата би била многу повисока.

Во меѓувреме се случи и пандемијата со корона-вирусот, а дополнителни маки имал Вајлдер, кај кого се открила повреда и не можел да тренира, поради што борбата меѓу Фјури и Вајлдер претрпи трето поместување, а настанот е планиран кон крајот на годината, најверојатно во декември.

Победникот од овој дуел најверојатно ќе закаже дуел против Ентони Џошуа, кој прво треба да се бори против Кубрат Пулев.

 

- Оглас -

Најнови вести