Познат е идентитетот на човекот кој го прослави погодокот со Фати (ФОТО)

Екипата на Барселона со убедливи 3:0 го совлада Леванте во Ла Лига, а уште поубава вест за Каталонците беше и враќањето на Ансу Фати по пауза од 11 месеци.

За сè да биде барем за момент перфектно во овие кризни времиња на Барса, се погрижи токму Фати, кој постигна одличен гол во судиското продолжение. Сосема очекувано, емоциите проработеа кај младиот играч, кој отрча на клупата на својот тим.

Таму го прегрна клупскиот доктор Луис Тиљо, кој работеше со Ансу уште од моментот кога се повреди. Во секој случај, ова е убав гест на младиот фудбалер.

- Оглас -

Најнови вести