Познат е составот: Македонија со офанзива по три бода во Астана! (Фото)

И официјално познат е составот со кој ќе настапи репрезентацијата на Македонија на мечот против Казахстан од квалификациите за Светското првенство 2026. Селекторот Благоја Милевски, кој денес нема да биде на клупата поради акумулирани жолти картони, се одлучи за офанзаивна формација со која треба да ги нападнеме Казахстанците и да дојдеме до посакуваните три бода.

Стандардно, на голот ќе биде Столе Димитриевски, а четворката пред него ќе ја формираат Алиоски, Муслиу, Зајков и дебитантот Деспотовски.

Во средниот ред се Елмас, Барди, Костадинов и Чурлинов, додека задолжени за постигнување на голови се Миовски и Трајковски.

- Оглас -

Најнови вести