19.8 C
Skopje
недела, 20 јули 2025

Познат ланец на пици со сеир наменет за Манчестер јунајтед: Продадовме 752599483 откако посакавте да го доведете

Трансфер сагата поврзана со Брајан Мбеумо доби разрешница. За овој играч веќе неколку месеци истерес покажуваше Манчестер јунајтед, а сега е јасно дека гигантот од „Олд Трафорд“ ќе уплати 74 милиони евра на сметката на Брентфорд, за да го добие овој фудбалер.

По реализација на овој трансфер, со сеир коментар се јавија од еден познат ланец за пици. На профилот на „Доминос пица“ пред два дена се појави статус кој пишуваше: „Продадовме 752599483 пици откако Манчестер јунајтед покажа интерес за доведување на Мбеумо“. Сега има нов пост на кој пораката е „престанете да броите“, потенцирајќи дека конечно трансферот е постигнат.

 

Мбеумо во Брентфорд дојде во 2019 година за 6,5 милиони евра и беше еден од најдобрите фудбалери на тимот кој сега е стабилен премиерлигаш. Мбеумо одигра 242 меча за Брентфорд во кои постигна 70 голови, а имаше и 51 асистенции.

- Оглас -

Најнови вести